Народната банка на Република Македонија и Сојузот на микрофинансиски организации потпишаа Меморандум за соработка во областа на финансиската едукација и вклученост

Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, во присуство на гувернерот на НБРМ, г. Димитар Богов и извршниот директор на Сојузот на микрофинансиски организации, г. Горан Лазаревски, беше потпишан Меморандум за соработка во областа на финансиската едукација и вклученост.
Потребата од подобрен пристап до финансиите во рамки на процесот на јакнење на претприемаштвото и иновативноста за градење одржлив, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем, се остварува преку јакнење на финансиските знаења кај корисниците и нивно вклучување во современите текови на финансискиот систем.
Со овој меморандум се воспоставува соработка помеѓу Народната банка и Сојузот, во областа на финансиската едукација и вклученост.
Соработката ќе се остварува во полето на изготвување политики, истражувања и анализи, заеднички активности за подигање на јавната свест и промоција на финансиската едукација и вклученост, организирање едукативни активности и размена на релевантна експертиза.
Меморандумот за соработка е потпишан во рамки на активностите за одбележување на 20. Октомври, Европскиот ден на микрофинансирањето и Меѓународниот ден на кредитните унии.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}