Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека во периодот од 1 до 3 јули 2013 година, во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, ја организира шестата конференција за „Платните системи и системите за порамнување хартии од вредност“, којашто се одржува во Охрид.
Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека во периодот од 1 до 3 јули 2013 година, во соработка со централните банки на Холандија и Португалија, ја организира шестата конференција за „Платните системи и системите за порамнување хартии од вредност“, којашто се одржува во Охрид.
Воведно обраќање на Конференцијата ќе има вицегувернерката на Народната банка, Маја Кадиевска-Војновиќ.
Конференцијата има меѓународен карактер и во неа ќе земат учество претставници од деловните банки, останатите финансиски институции и регулаторите на инфраструктурата на финансиските пазари во Република Македонија, како и претставници од централните банки од земјите на Централна и Југоисточна Европа.
Kонференцијата има за цел да ги поврзе експертите од финансискиот сектор заради споделување на знаењето од областа на новите стандарди за работа на платните системи и системите за порамнување на хартиите од вредност, да отвори дискусија во врска со истражувањата на најновите трендови кај големите плаќања, управувањето со ликвидноста, иновативните, општествено корисни и сигурни платни производи и услуги, како и на иновативните решенија и безбедносните аспекти на плаќањата.
Се очекува дека одржувањето на оваа конференција ќе го олесни спроведувањето на „Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија во периодот 2013-2017 година“, којашто беше усвоена во март 2013 година. Со спроведувањето на оваа стратегија би се зголемила сигурноста и ефикасноста во извршувањето на плаќањата и прифатеноста на ефикасните безготовински платни инструменти, а воедно би се обезбедило постепено исполнување на условите за интегрирање во Единствената европска платежна област - СЕПА.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}