Престанување со работа на Штедилницата „Интер Фалко“ ДОО Скопје
Скопје, 19.12.2012 година
Соопштение на НБРМ
На 19.12.2012 година, гувернерот на Народната банка на Република Македонија го донесе Решението бр. 9996 со кое се издава претходна согласност за престанување со работа на Штедилницата „Интер Фалко“ ДОО Скопје. Со истото решение, согласно со член 154 од Законот за банките, е укината дозволата за основање на Штедилницата издадена со Решението на гувернерот на Народната банка на Република Македонија бр. 02-14/385-93 од 26.11.1993 година и е утврдено дека се исполнети условите за спроведување ликвидациска постапка на Штедилницата. Од денот на донесувањето на Решението, до денот на уписот на ликвидаторот во трговскиот регистар, Штедилницата треба да престане со извршувањето на сите активности, освен со наплатата на побарувањата.
Врз основа на доставената документација со состојба на 30.11.2012 година, Штедилницата располага со имот којшто е доволен за намирување на доверителите и депонентите на Штедилницата.
Врз основа на член 170 од Законот за банките, Народната банка на Република Македонија го достави Решението, заедно со Предлогот за спроведување ликвидациска постапка на Штедилницата, до надлежниот суд. Согласно со член 157 од Законот за банките, судот треба да донесе решение за спроведување ликвидациска постапка најдоцна во рок од три работни дена од приемот на Предлогот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}