ЕЦБ и партнерските институции успешно ја завршија програмата за Западен Балкан и Турција
Денес, Европската централна банка (ЕЦБ), заедно со уште 14 национални централни банки (НЦБ) од евро-зоната и Европската комисија, успешно ја завршија двегодишната програма за техничка помош во полза на централните банки и супервизорските власти на Хрватска, Македонија, Црна Гора, Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово според Резолуцијата 1244/99 на Советот за безбедност на ОН. Целта на оваа програма - којашто започна на 19 јануари 2010 година, финансирана од Европската Унија (ЕУ) и применета од страна на ЕЦБ, НЦБ и бројните партнерски институции - беше зајакнување на макро и микропрудентната супервизија во Западен Балкан и Турција.
Преку програмата беше организирана интензивна регионална обука за околу 150 банкарски супервизори и експерти за финансиска стабилност од институциите корисници. Централните банки од евросистемот исто така ја поддржаа примената на специфичните национални активности - коишто беа дефинирани во договорот со меѓународните финансиски институции, партнерските централни банки и корисниците - и спроведоа регионални технички симулации на соработка меѓу супервизорските власти на засегнатите земји.
Завршувањето на програмата е важен чекор за зацврстување на прудентната супервизија во регионот и придонесува за стабилноста на банкарскиот систем, како важен елемент за одржлив економски раст.