Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата петта седница на која беше разгледан најновиот Квартален извештај и беа прикажани најновите економски проекции.
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата петта седница на која беше разгледан најновиот Квартален извештај и беа прикажани најновите економски проекции.
Во текот на првиот квартал од 2014 година каматната стапка на благајничките записи се задржа на 3,25%. Најголемиот дел од макроекономските показатели се движеа во согласност со патеката предвидена во претходните проекции на Народната банка. Во одделни сегменти се забележаа отстапувања, но тие не влијаат значително врз макроекономската слика.
Инфлацијата забавуваше и во првиот квартал на годината, покажувајќи помали ценовни притисоци во однос на очекувањата. Забавувањето произлезе од фактори на страната на понудата, односно од отстапувањата во динамиката на светските цени и од нивните пренесени ефекти врз домашните цени. Се очекува дека и растот на домашните цени во 2014 година значително ќе забави, при што просечната инфлација ќе се движи околу 1%, со претежно надолни ризици.
Во 2013 година, растот на домашната економска активност беше во согласност со претходната проекција и изнесуваше 3,1%. Најновите показатели за првиот квартал на 2014 година, како и оценките за идната патека на клучните надворешни и домашни фактори упатуваа на динамика на економскиот раст којашто не отстапува од претходните очекувања. Предвидувањата за економскиот раст во идниот двегодишен период не се променети, што подразбира негово забрзување и достигнување до 3,7% во 2014 година и до 4,4% во 2015 година. И натаму се очекува дека растот ќе произлезе од извозната и инвестициската побарувачка, што соодветствува со оценките за подобрување на надворешното економско окружување, влез на нови и зголемување на искористеноста на постојните капацитети ориентирани кон извоз, како и позитивен импулс од јавните инвестиции. Исто така, се очекува солиден позитивен придонес кон растот, особено во 2015 година, од потрошувачката на домаќинствата, во услови на постојано подобрување на состојбите на пазарот на работна сила, кредитна поддршка и постабилни очекувања.
Во 2013 година, при подобро салдо во размената на услуги и повисоки тековни трансфери од очекуваните, дефицитот во тековната сметка беше понизок од оцените и изнесуваше 1,9%. И покрај подобриот извоз, се очекува дека сѐ поголемата увозна побарувачка и намалувањето на учеството на приватните трансфери во БДП ќе го продлабочат дефицитот во тековната сметка, со што тој ќе се сведе на 4,0% во 2014 година и на 5,8% 2015 година. Во капитално-финансиската сметка и понатаму се очекуваат должнички и недолжнички текови, што ќе бидат доволни за зголемување на девизните резерви до крајот на 2015 година и за нивно одржување на адекватното ниво.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}