На 13.11.2012 година, се одржа редовна месечна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на која беа разгледани најновите движења на домашните и меѓународните финансиски пазари и ликвидноста во банкарскиот систем.
Скопје, 14.11.2012 година
Соопштение на НБРМ
На 13.11.2012 година, се одржа редовна месечна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на која беа разгледани најновите движења на домашните и меѓународните финансиски пазари и ликвидноста во банкарскиот систем.
На домашните финансиски пазари, продолжува зголемената меѓубанкарска активност на пазарот на депозити, при релативно високо учество на реализираните меѓубанкарски трансакции со подолга рочност (од 7 дена до 1 месец) во вкупниот промет. Воедно, движењата на девизниот пазар се поволни и се карактеризираат со повисока понуда на девизи и зголемен откуп од страна на Народната банка, што пак обезбедува одржување на девизните резерви на соодветно ниво. Во такви услови, девизниот курс на денарот се одржува на стабилно ниво.
На меѓународните финансиски пазари, согледувањата на инвеститорите се подобрија, како резултат на најавените мерки за справување со европската должничка криза и третиот циклус на квантитативно олеснување од страна на ФЕД. Европската комисија ги објави есенските проекции, според кои се очекува дека европската економија ќе се стабилизира кон крајот на 2012 година, а во текот на 2013 година ќе забележи умерен раст. Сепак, глобалните економски изгледи сe уште се под влијание на неизвесноста во евро-зоната и послабото економско закрепнување во следниот период, во споредба со претходните очекувања.
Имајќи ги предвид најновите движења, Комитетот за оперативна монетарна политика оцени дека поставеноста на монетарната политика е соодветна на постојните економски и финансиски услови и ја задржа максималната каматна стапка на благајничките записи на нивото од 3,75%. Притоа, во услови на подобрена ликвидност во банкарскиот систем, Комитетот одлучи на аукцијата да се понудат благајнички записи во износ од 25.100 милиони денари, што претставува умерено повисоко ниво од достасаниот износ (24.333 милиони денари).
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}