Редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика
Скопје, 12.09.2012 година
Соопштение на НБРМ
На 11.9.2012 година, се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика (КОМП), на која беа разгледани најновите макроекономски показатели, ликвидноста на банкарскиот систем и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари.
На меѓународните финансиски пазари, Европската централна банка (ЕЦБ) најави можност за обновување на програмата за откуп на државни хартии од вредност во рамки на која би откупувала хартии издадени од периферните земји. Ваквата најава на ЕЦБ придонесе за раст на акциите на пазарите во Европа, и покрај тоа што економските податоци покажаа дека стапката на БДП во евро-зоната се намали за 0,2% во вториот квартал. Истовремено, беше забележано и зголемување на вредноста на еврото во однос на САД-доларот. Во однос на состојбите во САД, меѓународните финансиски пазари очекуваат дека на состанокот на Федералниот резервен систем во септември ќе бидат објавени нови неконвенционални монетарни мерки.
Економската состојба во евро-зоната, којашто придонесува за релативно ниска странска побарувачка на домашни производи, како и последните показатели за домашната побарувачка с? уште се оценуваат како основни ризици за домашната економија. Порастот на светските цени на нафтата и храната на меѓународните финансиски пазари и пониската понуда на домашни прехранбени производи доведоа до пораст на годишната стапка на инфлација од 2,3% во јули, на 3,7% во август. Согласно со ваквите остварувања, како и неизвесноста на движењата кај увозните цени, се оценува натамошно присуство на ризици околу инфлацијата, за која сепак се очекува дека ќе се одржи на контролирано ниво до крајот на годината. На девизниот пазар не беа забележани притисоци врз девизниот курс, односно бруто девизните резерви од почетокот на годината се одржуваат на релативно стабилно и адекватно ниво, обезбедувајќи доволен простор за амортизација на евентуални неповолни шокови.
Движењата на домашните финансиски пазари се стабилни. На пазарот на пари продолжува трендот на зголемена активност на подолгите рочности (помеѓу 7 и 30 дена), а тргување има и на пазарите преку шалтер со хартии од вредност. При управувањето со ликвидноста во банкарскиот систем, активно се користат монетарните инструменти (благајничките записи, расположливите депозити и кредити преку ноќ, депозитите на седум дена и репо-аукциите), што доведува до задржување на вишокот на ликвидност во банкарскиот систем на релативно ниско и стабилно ниво.
Имајќи ги предвид најновите движења, Комитетот за оперативна монетарна политика оцени дека поставеноста на монетарната политика е соодветна и ја задржа максималната каматна стапка на благајничките записи на непроменето ниво од 3,75%. Притоа, износот на благајнички записи на аукцијата на 12.9.2012 година беше утврден на 26.760 милиони денари, односно на нивото на достасаниот износ (26.762 милиона денари).
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}