Редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика
Скопје, 11.07.2012 година
Вчера, 10.07.2012 година, се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на која беа разгледани најновите макроекономски показатели, ликвидноста на банкарскиот систем и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари.
Негативните ефекти од развојот на состојбите во евро-зоната, коишто се остварија преку намалување на странската побарувачка за домашни производи и влијанието на вонредните фактори, односно неповолните временски услови, имаа одраз врз растот на домашната економијата во првото тримесечје на годината. Така, во првиот квартал од 2012 година, БДП забележа реален пад од 1,4% на годишна основа. Влошувањето на глобалните економски изгледи создаде и надолни притисоци врз цените на примарните производи. Спротивно на очекувањата, цената на нафтата во второто тримесечје се движеше по надолна патека, што заедно со исцрпување на ефектот од еднократните фактори од претходните месеци, придонесе за остварување годишна стапка на инфлација од 2,1% во јуни, блиску до проектираното ниво за второто тримесечје. На девизниот пазар не беа забележани поголеми притисоци врз девизниот курс, односно бруто девизните резерви од почетокот на годината се одржуваат на релативно стабилно и соодветно ниво, обезбедувајќи доволен простор за амортизација на евентуални неповолни шокови.
Значително влијание врз движењата на меѓународните пазари во изминатиот месец имаа исходот од парламентарните избори во Грција, одржувањето на Самитот на Европската Унија кон крајот на месецот и мерките за справување со должничката криза во евро-зоната коишто Европската централна банка ги презема во континуитет. Сепак, глобалниот амбиент и натаму се карактеризира со неизвесност и променливост во движењата, што условува претпазливо спроведување на монетарната политика.
Движењата на домашните финансиски пазари беа стабилни. На пазарот на пари се забележа зголемена меѓубанкарска активност на подолги рочности (помеѓу 7 и 30 дена), а пораст имаше и тргувањето на секундарниот пазар. Банките активно ги користеа монетарните инструменти (благајничките записи, расположливите депозити и кредити преку ноќ, депозитите на седум дена и репо-аукциите), што укажува на значително подобрување на флексибилноста при управувањето со ликвидноста.
Имајќи ги предвид најновите движења, Комитетот за оперативна монетарна политика ја оцени поставеноста на монетарната политика како соодветна, при што ја задржа максималната каматна стапка на благајничките записи на непроменето ниво од 3,75%. Притоа, заради одржување на ликвидноста на банкарскиот систем во согласност со ликвидносните проекции за следниот период на задолжителна резерва, износот на благајнички записи на аукцијата на 11.7.2012 година беше утврден на нивото од 28.000 милиони денари, што е во рамки на износот којшто достаса (од 28.752 милиони денари).
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}