Во просториите на Училиштето „Вудроу Вилсон“, во присуство на гувернерот на НБРМ, г. Димитар Богов, и директорот на Одборот на Училиштето „Вудроу Вилсон“, г-ѓа Елита Маша, беше потпишан Меморандумот за соработка во областа на социјалната и финансиската едукација.

Денес, во просториите на Училиштето „Вудроу Вилсон“, во присуство на гувернерот на НБРМ, г. Димитар Богов, и директорот на Одборот на Училиштето „Вудроу Вилсон“, г-ѓа Елита Маша, беше потпишан Меморандумот за соработка во областа на социјалната и финансиската едукација.
Имајќи го предвид позитивното искуство од соработката на Народната банка на Република Македонија со „Афлатун“ за наведената програма, Училиштето „Вудроу Вилсон“, Народната банка на Република Македонија и „Афлатун“ се согласија да воведат пилот-програма за социјална и финансиска едукација од 1. одделение, за првпат во Македонија.
Целта на воведувањето на социјалната и финансиската едукација преку „Афлатун“ е да се зајакнат вештините и потенцијалот кај децата од рана возраст за подобрување на светот, преку нивното финансиско описменување, коешто станува сѐ поважно во последните години. И покрај тоа што живееме во економски систем којшто брзо се менува во глобални рамки, возрасните и децата низ целиот свет имаат значително ниско ниво на економско познавање, а училиштата и наставниците не им обрнуваат доволно внимание, или имаат недостиг од алатки за справување со овој предизвик. И покрај недоволното познавање на економските ситуации, децата и младите луѓе сѐ почесто се соочуваат со социјален, еколошки и економски неодржлив систем.
Проектот ќе се воведе за првпат во Училиштето „Вудроу Вилсон“, коешто за таа намена одвои кадар, опрема и простории за учениците од 1. одделение. Тој ќе биде поддржан и од страна на Народната банка на Република Македонија и „Афлатун“ преку совети, обуки и материјали.
Во иднина, се планира резултатите од Проектот да се презентираат пред Бирото за развој на образованието и другите училишта во земјата, со цел да се зголемат влијанието и интересот за воведување на оваа програма и во другите училишта низ Република Македонија.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}