Во периодот од 7 до 11 ноември 2016 година, во работна посета на Народната банка на Република Македонија престојува делегација од Банката на Мароко
Скопје, 10.11.2016 година
Во периодот од 7 до 11 ноември 2016 година, во работна посета на Народната банка на Република Македонија престојува делегација од Банката на Мароко, составена од г. Абдесамад Саиди, директор на Дирекцијата за истражување, г. Хикам Бенауна, раководител на Отсекот за финансиски истражувања, г. Камал Лахлу, раководител на Отсекот за истражувања на монетарната политика и г-ѓа Аја Ахур, раководител на Отсекот за моделирање и симулации. На почетокот на посетата, гостите остварија состанок со гувернерот Димитар Богов и вицегувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска. Целта на посетата е подетално запознавање на делегацијата со макроекономскиот модел, којшто претставува една од клучните алатки во процесот на монетарно одлучување во Народната банка на РМ. Во текот на посетата ќе бидат разменети искуства со Дирекцијата за монетарна политика и истражување за повеќе сегменти од областа на монетарното одлучување, макроекономското моделирање и проектирање и организацијата на истражувачкиот процес. Експертите ќе дискутираат и за повеќе истражувачки теми поврзани со монетарната трансмисија, девизниот курс, финансиските циклуси и пазарот на труд.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}