Меѓународен семинар „Теми од областа на применетите финансии“ во соработка со банката на Англија
Скопје, 03.09.2012 година
Соопштение на НБРМ
Меѓународен семинар „Теми од областа на применетите финансии“ во соработка со банката на Англија
Народната банка на Република Македонија ја продолжува воспоставената соработка со Банката на Англија и во периодот од 3 до 7 септември 2012 година е домаќин на заедничкиот меѓународен семинар „Теми од областа на применетите финансии“. Овој семинар се одржува за првпат во пошироки регионални рамки, а се остварува преку заедничка соработка на Дирекцијата за централнобанкарски операции и девизни резерви при Народната банка на Република Македонија и Центарот за централнобанкарски студии при Банката на Англија. Основната цел на Семинарот е зајакнување на нивото на образование на вработените во централните банки во земјите во транзиција. Во центарот на вниманието на Семинарот е користењето на најновите емпириски методи за истражување во најразлични области на финансиските пазари. Поконкретно, Семинарот опфаќа неколку значајни теми: конструкција на криви на принос, расчленување на маргините, моделирање на ризиците, користење на опции за предвидување цени на средства, вредност изложена на пазарен и кредитен ризик.
Учесници на Семинарот се вработени во централните банки од земјите од Централна и Југоисточна Европа: Полска, Унгарија, Турција, Литванија, Ерменија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Косово. На Семинарот ќе учествуваат и претставници од Министерството за финансии на Република Македонија, како и голем број вработени во Народната банка на Република Македонија. Предавачи на Семинарот се светски признаени експерти во оваа област од Банката на Англија.
Семинарот беше отворен денеска со воведно обраќање од страна на вицегувернерот м-р Маја Кадиевска-Војновиќ. Воведното обраќање е достапно во електронска верзија на англиски јазик на интернет-страницата на Народната банка.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}