Почнувајќи од 30 август 2013 година, Народната банка на Република Македонија, во рамки на монетарната статистика, ќе започне со редовно објавување на податоците за останатите финансиски институции(осигурителните друштва, пензиските и инвестициските фондови, друштвата за управување со пензиските фондови и друштвата за управување со инвестициските фондови). Покрај билансите и прегледите на депозитните институции, со квартална периодичност ќе се објавуваат и билансот и прегледот на останатите финансиски институции, како и консолидираниот преглед на финансиските институции. Согласно со календарот за објавување на статистичките податоци, рокот за објавување на овие податоци е поставен на т+60 дена.
Со вклучувањето на податоците за средствата и обврските на останатите финансиски институции, ќе се зголемат опфатот и квалитетот на монетарната статистика, ќе се изврши натамошно приближување кон статистичките барања на меѓународните и европските институции, а на корисниците на податоци ќе им се стават на располагање дополнителни податоци за анализа и следење на стабилноста на целокупниот финансиски систем.