Првиот регионален форум на Источна Европа и Централна Азија (ЕЦА) за финансиска вклученост на мрежата АФИ во Скопје
Скопскиот консензус отворa пат за успешна финансиска вклученост во Источна Европа и Централна Азија
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), со поддршка на Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија (БМЗ) и Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија (СЕКО), го одржаа Првиот регионален форум на Источна Европа и Централна Азија (ЕЦА) за финансиска вклученост на мрежата АФИ во Скопје, од 26 до 28 октомври 2015 година.
Главната цел на настанот е учесниците од седумнаесет институции од регионот ЕЦА, коишто се носители на политиките, да го потврдат Скопскиот консензус поставувајќи платформа за понатамошна соработка со мрежата АФИ. Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, официјално го најави усвојувањето на Скопскиот консензус по завршувањето на првиот ден од средбите. Тој ја изрази силната поддршка на Народната банка на Република Македонија и ги нагласи можните придобивки од оваа иницијатива за целиот регион.
Скопскиот консензус се фокусира на четири области на регионалната соработка: дигитални финансиски услуги (ДФС), финансирање мали и средни претпријатија (СМЕ), едукација на потрошувачите и пазарно однесување (СЕМС) и податоци за финансиската вклученост (ФИД). Сепак, сите учесници ја нагласија важноста од приспособување и вклучување нови области, како и можноста да се користи оваа иницијатива како алатка за поголема соработка со меѓународните тела за поставување стандарди (ССБС).
Михаил Мамута, претседател на Рускиот центар за микрофинансирање (РМЦ), изјави дека Консензусот ќе одигра голема улога во обликувањето на иднината на политиката на финансиската вклученост на ЕЦА: „Ова е важен чекор, но само почеток на еден долгорочен напредок за нашиот регион. Нашите земји се слични и значењето и потенцијалот на регионалната соработка е признаен од страна на сите“.
Кажувајќи го ова, Арменухи Мкртчиан, раководител на Центарот за заштита на потрошувачите и финансиско образование на Централната банка на Ерменија (ЦБА), изрази уверување во процесот и можностите за финансиска вклученост во ЕЦА: „Успехот доаѓа кога е вистинско време за тоа и кога работиш со вистинските луѓе. Сега идејата за регионална соработка е зрела и ќе ја туркаме напред со заеднички напори“.
Регионалниот форум опфати широк спектар носители на политики и регулатори од регионот на ЕЦА, вклучувајќи ги и оние кои не се членови на АФИ, во споделувањето на знаењето и практикувањето на политиките. Во текот на трите дена, учесниците ги истражија можностите за учење меѓу членките на Алијансата од сите региони во светот каде што докажаното искуство може да им помогне на носителите на политиките во ЕЦА да го зајакнат техничкиот капацитет и да ги подобрат политиките.
Усвојувањето на Скопскиот консензус следи по појавувањето на веќе формираните регионални иницијативи за финансиска вклученост во Африка (АМПИ), Латинска Америка и од неодамна во пацифичкиот регион (ПИРИ). Целосниот текст на Консензусот е достапен тука.

{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}