Скопје, 12.05.2010 година
Резиме од денешната Конференција за печат на гувернерот на Народната банка на Република Македонија
1. Не постојат посериозни индикации за корекција на јануарската проекција во врска со растот на БДП. Тоа значи дека остануваме на прогнозата дека во 2010 година тој би се зголемил реално за околу 1%.
Постојат ризици и за поголем и за помал пораст од тоа. Во овој момент се чини дека оние ризици коишто упатуваат на можна надолна корекција се понагласени. Тоа упатува на заклучокот дека закрепнувањето на економската активност е во тек, но со мошне бавна динамика.
2. Постојат аргументи за натамошно намалување на дефицитот на тековната сметка: од 8,3%, проектиран во јануари, на 6,4% од БДП, според сегашната априлска проекција. Истовремено постојат аргументи за надолна корекција и на капиталните приливи, од 9,0% во БДП (според јануарска проекција), на 7,2%.
Значи тоа што би можеле да го добиеме со намалувањето на дефицитот на тековната сметка би го „изгубиле" преку намалувањето на приливите на капиталната сметка. Резултанта од движењата во тековната и капиталната сметка се очекувањата за сосема благо зголемување на нивото на девизните резерви. Поточно,тие би се движеле приближно на сегашното ниво од околу 1,65 милијарди евра.
3. Негативната разлика помеѓу остварениот и потенцијалниот раст на БДП и натаму останува голема.
4. Кредитната активност на банките бавно се зголемува, с? уште останувајќи под нивото на проекциите.
5. Ваквите движења, односно проекции, за движењата, пред с?, за платниот биланс и девизните резерви, и потоа и за економскиот раст и кредитната активност, сигнализираат простор за натамошно олабавување на монетарната политика.
Кризата кај нашиот јужен сосед, стравувањата за нејзино прелевање и манифестирање кај уште неколку членки на евро-зоната, и покрај силните мерки од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, сугерираат да бидеме претпазливи.
Затоа, имајќи ги предвид сите околности, одлучивме каматата на благајничките записи дополнително да ја намалиме за 0,5 процентни поени, односно од 6,5% на 6%.
Народна банка на Република Македонија
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}