Народната банка ја извршува развојната улога преку подобрување на регулативата за платните системи, учество во усогласувањето на националната регулатива со европската регулатива, воведувањето на нови стандарди во работењето на платните системи кои се на линија на меѓународно прифатени стандарди, следење на развојните тенденции и креирање на амбиент за нивно имплементирање во Република Северна Македонија со цел подготвеност во интеграционите текови на СЕПА во рамки на ЕУ.
Народната банка ја остварува катализаторската улога преку иницирање, координација, истражување и консултирање на операторите и учесниците на платните системи во врска со промените кај поставеноста, функционалноста и политиките во доменот на платните системи. Развојната и катализаторската улога Народната банка претежно ги остварува преку функционирањето на Националниот совет за платни системи на Република Северна Македонија.