Расположливи депозити на седум дена
На 8 мај 2013 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 4.451 милиони денари, односно 613 милиони денари повеќе од достасаниот износ (3.838 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,75%.