Расположливи депозити на седум дена
На 3 август 2016 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 5.192 милиони денари, односно 3.148 милиони денари повеќе од достасаниот износ (2.044 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,50%.
Кабинет на гувернерот