Расположливи депозити на седум дена
На 3 јули 2013 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 5.280 милиони денари, односно 765 милиони денари повеќе од достасаниот износ (4.515 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,75%.