Расположливи депозити на седум дена
На 3 април 2013 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 6.185 милиони денари, односно 980 милиони денари помалку од достасаниот износ (7.165 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,75%.