На 28 октомври 2015 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 8.570 милиони денари, односно 523 милиони денари повеќе од достасаниот износ (8.047 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,50%.