Скопје, 25.10.2012 година
Расположливи депозити на седум дена
На 24 октомври 2012 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 3.130 милиони денари, односно 1.597 милиони денари повеќе од достасаниот износ (1.533 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 2,00%.