Расположливи депозити на седум дена
На 23 јануари 2013 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 3.849 милиони денари, односно 1.032 милиони денари повеќе од достасаниот износ (2.817 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,75%.