Скопје, 20.12.2012 година
Расположливи депозити на седум дена
На 19 декември 2012 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 1.330 милиони денари, односно 1.862 милиони денари помалку од достасаниот износ (3.192 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 2,00%.