На 14 јануари 2015 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 21.600 милиони денари, односно 4.240 милиони денари повеќе од достасаниот износ (17.360 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,00%, освен за пласираните депозити на седум дена согласно точка 5, став 3 од Одлуката за расположливите депозити, за коишто каматната стапка изнесува 0%.