Скопје, 13.12.2012 година
Расположливи депозити на седум дена
На 12 декември 2012 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 3.192 милиони денари, односно 97 милиони денари повеќе од достасаниот износ (3.095 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 2,00%.