На 12 ноември 2014 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 16.032 милиони денари, односно 4.977 милиони денари повеќе од достасаниот износ (11.055 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,00%, освен за пласираните депозити на седум дена согласно точка 5, став 3 од Одлуката за расположливите депозити, за коишто каматната стапка изнесува 0%.