Расположливи депозити на седум дена
На 11 септември 2013 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 3.569 милиони денари, односно 385 милиони денари помалку од достасаниот износ (3.954 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,50%.