Расположливи депозити на седум дена
На 11 мај 2016 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 3.406 милиони денари, односно 1.026 милиони денари повеќе од достасаниот износ (2.380 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,50%.