Расположливи депозити на седум дена
На 10 септември 2014 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 6.819 милиони денари, односно 143 милиони денари повеќе од достасаниот износ (6.676 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,25%, освен за пласираните депозити на седум дена согласно точка 5, став 3 од Одлуката за расположливите депозити, за коишто каматната стапка изнесува 0%.