Основната функција на инструментот е управување со вишокот на ликвидност кај поединечните банки и/или во банкарскиот систем на краток рок, при што банките можат да пласираат средства во расположливи депозити кај НБРМ на сопствена иницијатива. Расположливите депозити се со рочност преку ноќ и на седум дена. Каматната стапка на расположливите депозити преку ноќ претставува долна граница на краткорочните каматни стапки на пазарот на пари и изнесува 0,25%. Банките можат да пласираат средства во расположливи депозити преку ноќ кај НБРМ секој работен ден. Каматната стапка на расположливите депозити на седум дена изнесува 0,50%, а банките можат да пласираат средства кај НБРМ еднаш неделно, во среда.