Скопје, „Холидеј ин“ (сала „Милениум 1“), 30.5.2008
Конференција на тема: „Конкурентноста на земјите на Југоисточна Европа и предизвиците на патот кон ЕУ“, 30.5.2008 година
Програма
08:30 Пријавување
09:00 Воведно излагање, м-р Петар Гошев, гувернер на НБРМ
09:30 Пауза за кафе
10:00 Прва сесија: Патот кон ЕУ и заедничката валута
Растот и економската политика: Дали постојат ограничувања на брзината на реалната конвергенција?, Иштван П. Шекели, директор за истражување во Генералната дирекција за економски и финансиски прашања при Европската комисија
Стратегијата на монетарната политика на Европската централна банка и проширувањето на евро-зоната, Масимо Ростањо, раководител на Отсекот за стратегија на монетарната политика при Европската централна банка
Регионален преглед: конкурентноста во ЈИЕ и перспективите во процесот на приближување кон ЕУ, Питер Мослехнер, директор на Отсекот за економски анализи и истражувања при Националната банка на Австрија
11:30 Пауза за кафе
12:00 Втора сесија: Конкурентноста и искуствата на старите и новите земји-членки на ЕУ
Патот до еврото: искуството на Грција, Кристос Папазоглу, раководител на Отсекот за анализа на билансот на плаќања при Банката на Грција
Република Чешка на патот кон еврото, Петер Крал, директор на Отсекот за монетарна политика и фискални анализи во Дирекцијата за монетарни движења и статистика при Чешката народна банка
Конкурентноста на бугарската економија и предизвиците на реалната и номиналната конвергенција, Григор Стоевски, експерт во Дирекцијата за економски истражувања и предвидувања при Бугарската народна банка
13:30 Ручек
15:00 Трета сесија: Предизвиците за земјите на ЈИЕ
Динамиката на реалниот девизен курс во Македонија: стари мудрости и нови сознанија, м-р Султанија Бојчева-Терзијан, раководител на Отсекот за економско моделирање во Дирекцијата за истражување при Народната банка на Република Македонија
Некои елементи на конкурентноста на српската економија, Милан Шојиќ, заменик-генерален директор на Дирекцијата за истражување при Народната банка на Србија
Конкурентноста на албанската економија и зачленувањето во ЕУ: Сегашна ситуација и предизвици за иднината, Ниутон Мулети, раководител на Отсекот за односи со странство и европски интеграции во Дирекција за односи со странство, европски интеграции и комуникации при Банката на Албанија
16:30 Општа дискусија
17:00 Завршно излагање