Објава за продажба на обични акции издадени од „Стопанска банка“ АД Битола
Врз основа на член 138 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/07,90/09,67/10 и 26/13) и Овластувањето на гувернерот на Народна банка на Република Македонија бр.3506 од 26.05.2008 година се објавува
Продажба на обични акции издадени од „Стопанска банка“ АД Битола кои ќе бидат понудени на продажба на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје по пат на јавнa берзанскa аукциja
„Стопанска банка“ АД Битола
Адреса |
„Добривоје Радосављевиќ“ бр. 21 Битола |
Дејност |
65.12/1 - Банки |
Вкупен број на обични акции |
390.977 |
Номинална вредност на една акција |
3.000,00 денари |
Основна главнина |
1.172.931.000,00 денари |
Акции за продажба
Издавач на акциите |
Сопственик на акциите за продажба |
Број на обични акции за продажба |
Учество на акциите за продажба во вкупниот број обични акции на Банката |
Почетна продажна цена на една акција во денари |
„Стопанска банка“ АД Битола |
„ЗК Пелагонија“ АД Битола |
63.381 |
16,29% |
1.484,00 денари |
Акциите ќе се продаваат на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, преку јавна берзанска аукција, и тоа:
- 3 пакети по 5,43 % при што секој пакет се состои од 21.127 обични акции, а ќе се продава по принципот 'се или ништо'.
Пакетите на акциите ќе се продаваат на аукција која ќе се одржи на ден
31.10.2013 година.
Почетна продажна цена на една акција изнесува 1.484,00 денари.
Ако на јавната берзанска аукција никој не ја прифати почетната цена, на следната јавна берзанска аукција акциите ќе се понудат по цена која е за 10% пониска од почетната и ќе се продолжи со намалување на продажната цена за уште 10%, се додека еден или повеќе инвеститори не изјават спремност за купување на понудените акции.
Акциите понудени за продажба се плаќаат во готово. Порамнувањето треба да се изврши во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавната берзанска аукција.
На јавните берзански аукции ќе можат да учествуваат само лица кои од гувернерот на Народната банка на Република Македонија ќе добијат претходна согласност за исполнување на условите потребни за стекнување со својство на акционер во банка и кои во Народната банка на Република Македонија ќе поднесат писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата за купување на акциите во рокот определен во оваа Објава.
Условите и документацијата потребни за стекнување својство на акционер во банка се регулирани во член 13, член 17 став 1 точки 5, 6, 7, 8 и 13, став 2, став 3, став 4 и став 5 и член 18 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/07, 90/09 ,67/10 и 26/13) и глава X и XI од Одлуката за издавање согласности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 91/07, 134/07, 139/08 и 24/11).
Секое лице кое е заинтересирано да учествува на јавната берзанска аукција треба до Народната банка на Република Македонија заклучно со 25 септември 2013 година, да достави барање со потребната документација заради утврдување на исполнување на условите потребни за стекнување својство на акционер во банка и писмена изјава дека ќе ги уплати средствата за купување на акциите.
Доколку аукцијата се откаже, целокупната постапка за продажба на акциите се повторува.
Овластено лице
Јанче Лековски