На 19. декември 2013 година во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 11-тата сесија на Клубот на истражувачите

Народна банка на Република Македонија
Покана
На 19. декември 2013 година во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 11-тата сесија на Клубот на истражувачите, на којашто ќе бидат презентирани два истражувачки материјала:
- „Fiscal and Monetary Policy Effects in South Eastern European Economies“ од авторите Горан Петревски, Јане Богоев и Драган Тевдовски и
- „Increasing labour market activity of poor and female: Let’s make work pay in Macedonia“ од авторите Никица Мојсоска Блажевски, Марјан Петрески и Деспина Петреска.
Се надеваме дека ќе побудиме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите да го потврдите најдоцна до 16. декември 2013 година на: телeфон: +389 2 3298110; електронска пошта: [email protected]
Клубот на истражувачите е формиран во јули 2011 година, во рамки на активностите за поддршка на развојот на истражувачката и аналитичката работа. Овој клуб е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Согласно со досегашната практика, сесиите на Клубот се одржуваат на тримесечна основа, во март, јуни, септември и во декември. Народната банка има отворен повик до истражувачите за поднесување сопствен труд до Клубот, вклучително и на оние што се во работна верзија.
Заради понатамошно промовирање на Клубот на истражувачите и проширување на составот на учесниците, објавуваме покана до сите аналитичари и истражувачи од научно-образовните институции, финансискиот и нефинансискиот сектор, за редовно учество на неговите следни сесии, како дискутанти или како слушатели. На овој начин се овозможува квалитетна и отворена дискусија меѓу истражувачите, носителите на политиките, аналитичарите од финансиските институции и другите учесници. Исто така, преку размената на мислења се обезбедува унапредување на научно-истражувачката работа во земјата. Зачленувањето во клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}