
Народна банка на Република Македонија
Покана
На 18 септември 2014 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 14. сесија на Клубот на истражувачите.
Ве молиме доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, да нe известите најдоцна до 1 септември 2014 година (понеделник).
Се надеваме дека ќе побудиме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите да го потврдите најдоцна до 15 септември (понеделник) 2014 година на тел. +389 2 3298 110; електронска пошта: [email protected]
Клубот на истражувачите е формиран во јули 2011 година, во рамки на активностите за поддршка на развојот на истражувачката и аналитичката работа. Овој клуб е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Согласно со досегашната практика, сесиите на Клубот се одржуваат на тримесечна основа, во март, јуни, септември и во декември. Народната банка има отворен повик до истражувачите за поднесување сопствен труд до Клубот, вклучително и на оние што се во работна верзија.
Заради понатамошно промовирање на Клубот на истражувачите и проширување на составот на учесниците, објавуваме покана до сите аналитичари и истражувачи од научно-образовните институции, финансискиот и нефинансискиот сектор, за редовно учество на неговите следни сесии, како дискутанти или како слушатели. На овој начин се овозможува квалитетна и отворена дискусија меѓу истражувачите, носителите на политиките, аналитичарите од финансиските институции и другите учесници. Исто така, преку размената на мислења се обезбедува унапредување на научно-истражувачката работа во земјата. Зачленувањето во клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}