Кредитен трансфер
Платни инструменти
Кредитен трансфер
Кредитниот трансфер е инструмент за плаќање каде што плаќачот дава инструкции на банката во која има отворено сметка да бидe префрлен одреден износ на средства на сметката на примателот. Инструкциите за иницирање кредитен трансфер може да се поднесат во хартиена или во електронска форма. За иницирање кредитни трансфери во Република Македонија се користат хартиени и електронски налози. Платните инструкции во електронска форма мора да ги содржат истите елементи како и инструкциите за плаќање на хартија, при задолжителна автентификација. Иницијаторот на кредитниот трансфер има опција да избира преку кој платен систем ќе биде извршено плаќањето (МИПС, КИБС или интрабанкарски системи за обработка на плаќањата помеѓу клиенти на истата банка).
Директно задолжување
Директното задолжување е инструмент за плаќање кој дава овластување за задолжувањето на сметката на плаќачот. Овие плаќања се иницирани од примачот врз основа на овластување дадено од страна на плаќачот. Овластувањето со кое плаќачот се согласил неговата сметка да биде задолжена со директно задолжување се нарекува „мандат". Националните правила се разликуваат во однос на тоа дали мандатот му се дава на примачот или на банката на плаќачот.
Платежни картички
Платежните картички се користат од страна на нивните носители при плаќање за купените стоки и услуги на местото на продажба или пак преку интернет, и за повлекување готовина од банкомат. Најчесто користени платежни картички се дебитните и кредитните картички.
-
Дебитните картички се поврзани со банкарска сметка и му овозможуваат на носителот да повлекува готовина од неа со посредство на банкомат или да врши плаќање на купените стоки и услуги. Како резултат на тоа, секоја од претходно споментатите активности доведува до задолжување на банкарската сметка со која е поврзана дебитната картичка. Задолжувањето на банкарската сметка може да биде без одложување или со утврдено временско одложување. Дебитните картички се најраспространетиот вид платежни картички во Република Македонија.
-
Кредитните картички му обезбедуваат на носителот кредитна линија и можност за одложено плаќање. Големината и траењето на кредитна линија е предмет на договор меѓу сопственикот на кредитната картичка и издавачот на кредитната картичката. Во Република Македонија употребата на кредитните картички е релативно помала во однос на употребата на дебитните картички.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}