Овластувања и задачи на Советот на Народната банка
Член 47
(1) Советот на Народната банка ги има следниве овластувања и задачи:
1) ги дефинира и ги усвојува монетарната политика и политиката на девизен курс на Народната банка;
2) го дефинира режимот на девизен курс во согласно со членот 23 од овој закон;
3) ги формулира и донесува политиките на Народната банка во врска со извршувањето на нејзините задачи и усвојува интерни правила за нивна примена;
4) го донесува Контниот план за банките во согласност со закон;
5) ја надгледува примената на политиките и извршувањето на задачите на Народната банка;
6) ги донесува подзаконските прописи од надлежност на Народната банка;
7) го донесува Статутот на Народната банка;
8) го донесува Етичкиот кодекс за членовите на Советот на Народната банка и за вработените;
9) ги утврдува општите политики и интерни правила поврзани со работењето на Народната банка;
10) ги пропишува интерните правила за примена на одредбите во врска со постоење судир на интереси;
11) ја утврдува организацијата на Народната банка, вклучувајќи отворање и локација на филијали, претставништва и други организациони делови;
12) го назначува главниот внатрешен ревизор на предлог на гувернерот на Народната банка;
13) ги утврдува условите за вработување, вклучувајќи ги платите и надоместоците на плата, на предлог на гувернерот, согласно со закон и колективен договор;
14) го донесува годишниот финансиски план на Народната банка;
15) ги утврдува сметководствените политики на Народната банка и ги одобрува извештаите од членот 62 на овој закон и финансиските извештаи на Народната банка;
16) го избира друштвото за ревизија на Народната банка;
17) одлучува за задолжување на Народната банка и ги определува условите на задолжувањето;
18) ги утврдува видовите на средства од членот 24 став (2) на овој закон кои ги сочинуваат девизните резерви на Република Македонија;
19) ги утврдува видовите на средства во кои Народната банка може да ги инвестира финансиските средства;
20) ги утврдува деноминациите и дизајнот на книжните и кованите пари, како и нивното издавање;
21) формира едно или повеќе работни тела и ги дефинира нивните задачи и активности;
22) ги оценува ризиците и донесува планови за непредвидени случаи за тековното работење и безбедноста на Народната банка;
23) одлучува за издавање на ковани пари за колекционерски цели;
24) го донесува деловникот за работа на Советот на Народната банка и
25) врши други задачи утврдени со овој закон.
(2) При извршувањето на овластувањата и задачите членовите на Советот на Народната банка постапуваат исклучиво во интерес на целите и задачите на Народната банка.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}