Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр.04-12660/1 од 10 април 2025 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува
ОГЛАС
за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
1. Се утврдува потреба од засновање на работен однос во Народната банка на Република Северна Македонија, на шест (6) извршители на определено време во траење од 1 година, од кои:
- 2 извршители на работното место „организатор II степен“ во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување;
- 2 извршители на работното место „чувар почетен I степен“ во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување и
- 2 извршители на работното место „пожарникар почетен I степен“ во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување.
2. Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следните општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
3. Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- за работното место „организатор II степен“ (1 извршител) во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, да имаат завршено факултет од областа на електро-техничките науки, да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на електроенергетиката и автоматиката, енергетските инсталации, опрема за енергетика (вклучително опрема алтернативни извори на енергија), топологија и структури.
- за работното место „организатор II степен“ (1 извршител) во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, да имаат завршено факултет од областа на градежно-архитектонски науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка, познавање од водењето на управните постапки поврзана со Законот за градење, Законот за градежно земјиште, Законот за просторно и урбанистичко планирање и подзаконските акти.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни познавања од областа на градежништвото, познавања на законските и подзаконски акти од областа на градежништвото и управните постапки поврзани со одобренијата и дозволите за градење.
- за работното место „чувар почетен I степен“ во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, да имаат завршено средно образование, да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутер, да поседуваат теоретски и практични познавања за физичко обезбедување и противпожарна заштита, да имаат психофизичка здравствена способност за физичко обезбедување и противпожарна заштита, да поседуваат лиценца за физичко обезбедување и уверение за стручно усовршување за пожарникар.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните теоретски и практични познавања од физичко обезбедување и противпожарна заштита.
При склучување на договорот за вработување, кандидатите за ова работно место може на сметка на Народната банка, да бидат испратени на здравствен преглед заради проверка на нивната психофизичка здравствена способност за физичко обезбедување и противпожарна заштита.
- за работното место „пожарникар почетен I степен“ во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, да имаат завршено средно образование, да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутер, да поседуваат теоретски и практични познавања за физичко обезбедување и противпожарна заштита, да имаат психофизичка здравствена способност за физичко обезбедување и противпожарна заштита, да поседуваат лиценца за физичко обезбедување и уверение за стручно усовршување за пожарникар.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните теоретски и практични познавања од физичко обезбедување и противпожарна заштита.
При склучување на договорот за вработување, кандидатите за ова работно место може на сметка на Народната банка, да бидат испратени на здравствен преглед заради проверка на нивната психофизичка здравствена способност за физичко обезбедување и противпожарна заштита.
4. Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:
- пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;
- кратка биографија на македонски јазик или на македонски и албански јазик, за кандидатите припадници на албанската заедница;
- препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи доколку имаат;
- доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
- потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
- диплома или уверение за завршено образование;
- доказ за работен стаж задолжително за работното место од точката 1 алинеја 1, а за работните места од точката 1 алинеја 2 и 3 само доколку го имаат, од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат);
- кандидатите за работните места од точка 1, да достават доказ за познавање на англиски јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик) и доказ за работа со компјутер (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери).
- кандидатите за работните места од точка 1 алинеја 2 и 3 да достават и лиценца за физичко обезбедување и уверение или потврда за стручно усовршување за пожарникар.
Сите докази може да бидат доставени во копија.
5. Работното време во работната недела за работните места од точка 1 алинеја 1 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.
Работното време, во работната недела за работните места од точка 1 алинеја 2 и 3 е организирано во 2 смени по 12 часа дневно, од кои првата смена започнува од 7,00 часот и завршува во 19,00 часот, а втората смена започнува во 19,00 часот, а завршува во 7,00 часот.
6. Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 алинеја 1 кои за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.
Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 алинеја 2 и 3 кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатите немаат работен стаж, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 6 месеци
7.Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.
8.Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеја 1 изнесува 68.803,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 34.922,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеја 1 и 2 изнесува 33.362,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 15.524,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 23.667,00 денари.
9. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
10. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
11. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.
12. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци [1] се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.
[1] Народната банка може да контактира со претходните и со тековните работодавачи за професионалното искуство на кандидатите и за нивните меѓучовечки односи.