Врз основа на член 138 од Законот за банките (Сл.весник на Република Македонија бр. 67/2007) и Овластувањето на гувернерот на Народна банка на Република Македонија бр.3506 од 26.05.2008 година се
ОБЈАВУВА
Продажба на обични акции издадени од Стопанска банка АД Битола кои ќе бидат понудени на продажба на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје по пат на јавни берзански аукции
Стопанска банка АД Битола
Адреса |
Добривоје Радосављевиќ бр. 21 Битола |
Дејност |
65.12/1 -Банки |
Вкупен број на обични акции |
389.779 |
Вкупен број на приоритетни акции |
1.198 |
Номинална вредност на една акција |
3.000,00 денари |
Основна главнина |
1.172.931.000,00 денари |
Акции за продажба
Издавач на акциите |
Сопственик на акциите за продажба |
Број на обични акции за продажба |
Учество на акциите за продажба во вкупниот број обични акции на Банката |
Почетна продажна цена на една акција во денари |
Стопанска банка АД Битола |
ЗК Пелагонија АД Битола |
63.381 |
16,29% |
8.899,00 денари |
Акциите ќе се продаваат на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, преку јавни берзански аукции, и тоа:
- 3 пакети по 5,43 % при што секој пакет се состои од 21.127 обични акции, а ќе се продава по принципот 'се или ништо'.
Пакетите на акциите ќе се продаваат на аукции кои ќе се одржат во следните денови:
- 16.11.2009 година - ќе се продаваат 3 пакети по 5,43 % при што секој пакет се состои од 21.127 обични акции;
- 17.11.2009 година - ќе се продаваат пакетите што не се продадени на претходната аукција
- 18.11.2009 година - ќе се продаваат пакетите што не се продадени на претходната аукција
- 19.11.2009 година - ќе се продаваат пакетите што не се продадени на претходната аукција, и
- 20.11.2009 година - ќе се продаваат пакетите што не се продадени на претходната аукција
Почетна продажна цена на акција изнесува 8.899, 00 денари.
Ако на јавната берзанска аукција никој не ја прифати почетната цена, на следната јавна берзанска аукција акциите ќе се понудат по цена која е за 10% пониска од почетната и ќе се продолжи со намалување на продажната цена за уште 10%, се додека еден или повеќе инвеститори не изјават спремност за купување на понудените акции.
Акциите понудени за продажба се плаќаат во готово.Порамнувањето треба да се изврши во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавната берзанска аукција.
На јавните берзански аукции ќе можат да учествуваат само лица кои од гувернерот на Народна банка на Република Македонија ќе добијат претходна согласност за исполнување на условите потребни за стекнување со својство на акционер во банка и кои до Народна банка на Република Македонија ќе поднесат писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата во рокот определен во оваа Објава.
Условите и документацијата потребни за стекнување својство на акционер во банка се регулирани во член 13, член 17 став 1 точки 5, 6, 7, 8 и 13, став 2, став 3, став 4 и став 5 и член 18 став 3 од Законот за банките (Сл. весник на РМ бр. 67/2007) и глава X и XI од Одлуката за издавање согласности (Сл.весник на Република Македонија бр.91/2007, 134/2007 и 139/2008).
Секое лице кое е заинтересирано да учествува на јавните берзански аукции треба до Народна банка на Република Македонија заклучно со 30.09.2009 година, да достави барање со потребната документација заради утврдување на исполнување на условите потребни за стекнување својство на акционер во банка.
Доколку аукциите се откажат, целокупната постапка за продажба на акциите се повторува.