Одлуката се носи врз основа на член 46 став 4 од Законот за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.
Со оваа Одлука се прецизира начинот на примена на Законот и се овозможува единствено толкување на одредени негови одредби. Притоа, се поаѓа од природата на активностите коишто ги вршат банките и нивните карактеристики од аспект на можноста да бидат вклучени во перење пари и финансирање на тероризмот.
Оваа Одлука ги содржи забелешките од извештајот на Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам (MONEYVAL), препораките од Групата за финансиска акција во доменот на спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризмот (ФАТФ) како и Европската директива за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам.
Заради активно вклучување на сите институции во спречувањето на перење пари и финансирање на тероризам, коментаритите и забелешките на нацрт верзијата на Одлуката, можат да се испратат по писмен пат до Дирекцијата за финансиска стабилност, банкарска регулатива и методологии, или по електронски пат на следната адреса: [email protected], најдоцна до 26.06.2009 година.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}