Автор: Синиша Велковски
Можности за пласирање на девизните резерви во хартии од вредост со фиксен принос
РЕЗИМЕ
Со распадот на системот на фиксни девизни курсеви во почетокот на седумдесеттите години, а особено од почетокот на осумдесеттите години, се појави практика поголем број централни банки во светот, дел од девизните резерви да ги пласираат во хартии од вредност со фиксен принос. Причината за ваквата практика лежи во тоа што по суспендирањето на конвертибилноста на доларот во злато од страна на Владата на САД, улогата на доларот како валута која служи како средство за чување на вредноста, започна да се намалува. Поради тоа, како алтернатива, се јави интересот за вложување во хартии од вредност со фиксен принос. Овие хартии од вредност, а особено владините хартии од вредност со фиксен принос, се третираат како многу сигурни пласмани кои на подолг рок носат повисок принос во однос на депозитите во банките. Исто така, тие се ликвидни бидејќи нивното претворање во готови пари е многу лесно и со нив се постигнува диверзифицирање на кредитниот ризик.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}