Македонски Интербанкарски Платен Систем - МИПС
МИПС е систем за порамнување на плаќањата со големи вредности и итните плаќања во денари во реално време на бруто-основа (RTGS – Real Time Gross Settlement System). МИПС започна со работа во јули 2001 година.
Сопственик и оператор на системот е Народната банка.
Плаќањата коишто се порамнуваат во МИПС се конечни и неотповикливи, пришто можат да бидат поделени во три категории:
-
плаќања каде што корисниците (плаќачот и/или примачот) се клиенти на банките и Народната банка, коишто се учесници во МИПС;
-
плаќања од банка кон банка (двете страни се банки учесници во МИПС), и
-
сервисни плаќања (каде што на третата страна, на пример: клириншкa куќa, систем за порамнување на хартии од вредност, картичeн процесор, се дозволува дебитирање на сметка на учесник во МИПС и кредитирање на износот на друг учесник во МИПС).
Правната основа за функционирање на МИПС е дефинирана со Законот за платен промет. Правата и обврските за Народната банка и учесниците во системот детаљно се регулирани со Правилата за работа на МИПС и соодветната документација којашто произлегува од овие правила.
Функционирањето на МИПС е неопходно за обезбедување порамнување на другите платни системи, спроведување на монетарната политика, одржување на стабилноста на финансиските институции и пазарите, како и за економскиот развој. Поради тоа, МИПС претставува системски значаен платен систем, а согласно со Законот за платен промет и подзаконската регулатива треба да биде усогласен со меѓународно прифатените стандарди за работа на платните системи.