Процената на усогласеноста на работењето на платните системи со стандардите за работењето на платните системи во Република Македонија се врши согласно со Одлуката за начинот и методологијата на надзор на платните системи, со користење на Рамката за обелоденување и методологија за процена на Комитетот за системите за плаќање и порамнување при Банката за меѓународно порамнување и Одборот на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност.
Надгледувањето на платните системи е засновано врз утврдувањето, процената и изнаоѓањето начини за отстранување или намалување на следниве типови ризици:
-
системски ризик - платните системи можат меѓу себе да бидат извор на ризик доколку престане функционалноста на некој од нив или поради погрешно работење, што би можело да доведе до неочекувана финансиска изложеност на учесниците;
-
правен ризик - ризик каде што неправилното толкување и поставеноста на законската регулатива може да ги доведе платните системи или учесниците во нив до големи финансиски изложености и можни загуби;
-
кредитен ризик - ризик кога еден или повеќе учесници во платните системи не се во можност да ја намират вкупната обврска ниту во моментот на достасување, ниту подоцна;
-
ликвидносен ризик - ризик кога еден или повеќе учесници во платните системи не можат да ја намират вкупната обврска во моментот на достасување, туку во некој подоцнежен период;
-
општ деловен ризик - ризик којшто се појавува во деловното работење на платните системи и управувањето со активата и пасивата;
-
ризик на чување имот и инвестиции - ризик со кој може да се соочат платните системи при чувањето и инвестирањето на средствата со кои располагаат и оние коишто ги држат во име на своите учесници; и
-
оперативен ризик - ризик што се јавува поради хардверски или софтверски проблеми, човечки грешки или хакерски напад, со што се зголемува можноста за нефункционирање на системот или негово лошо работење, односно финансиска изложеност и можни загуби.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}