Кована пара за колекционерски цели: „ВЕРА, НАДЕЖ, ЉУБОВ И МАЈКА ИМ СОФИЈА“ - 100 денари
Аверс:
На аверсот на монетата, во централниот дел се прикажани слики на св. Вера (со крст), св. Надеж (со сидро) и св. Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата Св. Трофим (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на св. Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите „100 денари“ и „2014“. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија“, како и ознаката „Аg 925“ и тежината на монетата „31.1г“.
Реверс:
На реверсот на монетата е претставена дигитално печатена слика на трите светици - св. Вера, св. Надеж и св. Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка, св. Софија (прикажана во релјеф). Имињата на сите светици се исковани на македонски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.
Спецификација на монетата |
Име на кованата пара |
Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија |
Име на серијата ковани пари |
Икони на светци |
Номинална вредност |
100 денари |
Метал |
сребро (Ag) 925 |
Тежина |
31,1 г |
Димензија, форма |
30 x 45 мм, правоаголна |
Раб |
мазен |
Квалитет |
со дигитално печатење |
Година на издавање |
2014 |
Цена |
3.800,00 денари
|
КонтактЗоран Милетиќ
miletikz@nbrm.mk
+389 2 3108 374
Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: miletikz@nbrm.mk, или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.
Доколку странката e заинтересирана и сака да купи некоја од расположливите ковани пари за колекционерски цели, потребно е да дојде лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, или да достави податоци за изработување профактура по е-пошта, или факс: 3 108 221, за да може да се изработат потребните документи (профактура) врз основа на кои ќе се изврши уплатата на паричните средства преку банка, на ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА: 100 0000000111 03.
Врз основа на приложениот заверен налог за уплатените парични средства, на странката ѝ се издава кованата пара за колекционерски цели, заедно со фактурата.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}