КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО - 31 ОКТОМВРИ

Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување објавуваат конкурс за деца и млади од основното и средното образование.
АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ СО СЛИКАЊЕ НА ЦРТЕЖ И ПИШУВАЊЕ НА ПЕСНА:
ПРВА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: ШТЕДЕЊЕ
ВТОРА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: ОСИГУРУВАЊЕ
Учесниците на конкурсот треба да испратат:
- ликовна творба за учесниците од основното образование; и
- литературна творба - поезија за учесниците од средното образование, на зададените теми:
„И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“ или „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“
Крајниот рок за доставување на творбите е 28 октомври 2015 година.
Со цел да се заштити работата на децата, Ве молиме потпишете ги Вашите творби (цртеж/песна). На задниот дел на творбите (цртеж/песна) треба да стојат следните информации:
- Име и презиме на детето,
- Училиште каде детето посетува настава (град/одделение/година/клас),
- Име на родител или старател со адреса и
- Мобилен телефон на родител/старател/наставник.
Ве молиме испратете ги Вашите творби (цртеж/песна), по пошта или доставете ги на рака на следната адреса:
За конкурсот во прва категорија (ликовна творба - основно образование и литературна творба - средно образование), на тема:
„И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“
Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1,1000 Скопје
За конкурсот во втора категорија (ликовна творба - основно образование и литературна творба - средно образование), на тема:
„ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“
Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1,1000 Скопје
За избраните најдобри творби (цртеж/песна), на учесниците ќе им бидат доделени 12 награди, и тоа:
- по три награди за најдобар цртеж во двете категории и
- по три награди за најдобра песна во двете категории.
На авторите на најуспешните творби ќе им биде доделена парична награда во износ од 3.000 денари со депонирање на паричниот влог во банка по нивен избор.
Доделувањето на наградите ќе се изврши во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување со адреса на ул. Васил Главинов, бр.12, ТЦЦ Плаза, кат 2. Датумот ќе биде дополнително определен. За подетални информации Ве молиме обратете се на електронската пошта: [email protected] или [email protected].