Автор: м-р Зоран Ставрески
Каматна политика во Република Македонија
РЕЗИМЕ
Политиката на каматни стапки претставува еден од најзначајните инструменти на економската политика. Искуствата од развиените земји, како и од земјите во транзиција, покажуваат дека оптималната каматна политика претставува есенцијален предуслов за динамизирање на економскиот развој. Комерцијалните банки во Република Македонија се самостојни во конципирањето на сопствената каматна политика. Исклучително ниското ниво на домашно штедење кај банкарскиот систем наспроти високата и ригидна побарувачка за финансиски средства, вградувањето на висока премија за ризик заради финансиската недисциплина и проблемите со судската наплата на побарувањата, како и високите оперативни трошоци на банките, детерминираа каматните стапки на комерцијалните банки во изминативе неколку години да се одржуваат на високо номинално и реално ниво.
Трајното надминување на неповолните состојби во сферата на каматната политика подразбира подобрување на фундаменталните економски перформанси кои ја детерминираат каматната политика, а тоа е пред се, соодносот меѓу понудата и побарувачката на средства, односно во национални идентитети соодносот меѓу штедењето и инвестициите. Сепак, и на краток рок, можат да се преземат одредени мерки кои би имале позитивно влијание врз каматната политика, а воедно не би ги нарушиле основните пазарни принципи. Тие мерки се:1/Ревидирање на постојната даночна политика која има негативни ефекти врз штедењето; 2/ Зголемување на каматната стапка која Народна банка им ја плаќа на банките на издвоените средства во задолжителна резерва; 3/ Конципирање на квалитетни внатрешни политики, процедури и стандарди од страна на банките за одобрување кредити, квалитетно управување со кредитното портфолио и поефикасна наплата на побарувањата; 4/ Зацврстување на супервизорската регулатива во делот кој се однесува на издвојувањето на резервации за лошите пласмани на банките; 5/ Подобрување на ефикасноста на правниот систем и на инструментите за заштита и обезбедување на побарувањата (хипотеки); 6/ Намалување на премиите кои се уплаќаат во Фондот за осигурување на депозити; 7/ Забрзување на активностите околу формирањето на кредитниот регистер; 8/ Целосно афирмирање на практиката на формирање на “прима рате”; 9/ Промена на прописите од областа на девизното работење во делот кој се однесува на покриеноста на девизното штедење со ликвидни девизни средства; и 10/ Поттикнување на приливот на странски капитал во форма на директни вложувања од странски инвеститори, со што ќе се зголеми вкупната понуда на средства во Република Македонија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}