Се известуваат сите заинтересирани лица - инвеститори, дека јавните берзански аукции за продажба на обични акции, издадени од „Стопанска банка“ АД Битола, преку Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, закажани за деновите 16, 17, 18, 19 и 20 ноември 2009 година се откажуваат.
За новите термини за одржување на јавните берзански аукции преку Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, дополнително ќе биде издадено известување на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија и во јавните гласила.