Издавање и карактеристики на парите
1. Законско средство за плаќање во Република Македонија
Законско средство за плаќање во Република Македонија е македонскиот денар. Народната банка на Република Македонија има ексклузивно право да издава книжни и ковани пари и е одговорна за снабдување со книжни и ковани пари коишто се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Народната банка ги определува номиналната вредност, големината, тежината, дизајнот, безбедносните и другите карактеристики на книжните и кованите пари издадени во Република Македонија.
Книжни пари во оптек (издание 1996 и 2003 година) се:
- 5000 денари - издание 1996 година
- 1000 денари - издание 1996 и 2003 година
- 500 денари - издание 1996 и 2003 година
- 100 денари - издание 1996 година
- 50 денари - издание 1996 година
- 10 денари - издание 1996 година
2. Печатење и карактеристики на парите
Имајќи го предвид фактот дека изборот на компанијата којашто ќе ги печати книжни пари подлежи на тендерска процедура, се случува различни компании да вршат печатење на книжните пари од одделни апоени.
Парите коишто ги издава Народната банка се изработени според највисоки светски стандарди на висококвалитетна хартија изработена од 100% памучни влакна, со вградени елементи за заштита од фалсификување.
Книжните пари содржат повеќе заштитни елементи, како што се: воден печат, заштитен конец, интаглио печат, скриена слика, микротекст, двоен пасер и оптички варијабилна боја. Со оглед на фактот што поседувањето фалсификувани пари претставува економска загуба, од исклучителна важност е заштитните елементи на парите да се распознаваат со цел лесно идентификување на нивната оригиналност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}