Исправка на Објавата за продажба на обични акции издадени од „Стопанска банка“ АД Битола
По извршено проверување на изворниот текст на Објавата за продажба на обични акции издадени од „Стопанска банка“ АД Битола кои ќе бидат понудени на продажба на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје по пат на јавна берзанска аукција, е утврдена техничка грешка, поради што овластеното лице од Народната банка на Република Македонија, Јанче Лековски, донесе
ИСПРАВКА
на Објавата за продажба на обични акции издадени од „Стопанска банка“ АД Битола кои ќе бидат понудени на продажба на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје по пат на јавна берзанска аукција
Во Објавата за продажба на обични акции издадени од „Стопанска банка“ АД Битола кои ќе бидат понудени на продажба на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје по пат на јавна берзанска аукција, објавен на 6 септември 2013 на веб-страницата на Народната банка, се врши исправка, така што ставот во кој се предвидени условите и документацијата за стекнување со својство на акционер се менува и гласи:
„Условите и документацијата потребни за стекнување со својство на акционер со квалификувано учество во банка се регулирани во член 13, член 17 став 1 точки 5, 6, 7, 8 и 13, став 2, став 3, став 4 и став 5, член 18 став 3 и член 59 став 6 и став 7 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/07, 90/09, 67/10 и 26/13) и главите X и XI од Одлуката за издавање согласности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/13).
Овластено лице
Јанче Лековски
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}