Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 9 јануари 2013 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,50%. На аукцијата беа понудени благајнички записи во износ од 24.500 милиони денари, односно 1.500 милиони денари помалку од достасаниот износ (26.000 милиони денари).
Банките вложија 24.020 милиони денари во благајнички записи, односно 480 милиони денари помалку од понудениот износ. Постигнатата каматна стапка на аукцијата изнесува 3,49%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 13 февруари 2013 година.