Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 9 октомври 2013 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ за 8.882 милиони денари и изнесуваше 34.382 милиони денари. Реализацијата изнесува 25.503 милиони денари.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 13 ноември 2013 година.